За три дена 77 заболени и 7 починати, а Заев брза на избори за да ублажи пораз
Нов црн ден во Македонија со 25 заболени од корона вирус и 3-ца починати. За три дена во Македонија бележиме црн биланс од 77 заболени и 7 починати лица. Тоа покажува дека здравствените предизвици од корона епидемијата не само што не се надминати, туку се одржуваат на загрижувачко ниво. Заев, Филипче и СДСМ наместо да се справуваат со опасноста по здравјето и животите на граѓаните, како прв приоритет им се брзи избори за да го ублажат поразот. Недозволиво е кариерата на Заев да биде побитна од животот на макар еден човек.
Македонија е рекордер во регионот по смртност на милион жители. Македонија е во врвот по заразени на милион жители. Македонија е земја со најмалку тестирања. Македонија е земја која одвојува најмалку средства за справување со последиците со епидемијата.
Овие црни бројки покажуваат дека на Заев не му е битно здравјето на граѓаните, туку како да се спаси од катастрофален пораз. Притоа не бира средства.
Во сред епидемија СДСМ прават изборен поткуп, делат концесии за марихуана, прават сомнителни тендери, партиски вработуваат набавуваат шампањи, шкампи, лигњи и слично. Затоа се појави буџетска дупка од 200 милиони евра уште пред да почне епидемијата. Поважно им е да одвојуваат повеќе средства за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери, отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции.
Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024