За настраданите во Кочани хуманитарен натпревар ќе одиграат македонските и бугарските фудбалски легенди
Бугарските фудбалски легенди од Светското првенство 1994 година собираат пари за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
- На 27 април ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ѕвездени тимови на истакнати фудбалери од Бугарија и Република Северна Македонија. Натпреварот го организира Фондацијата „Национали 94“ во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот во дискотеката во Кочани, објавија бугарските медиуми.
На натпреварот за тимот „Ѕвезди 94“ од Бугарија, кој ќе го води селекторот Димитар Пенев со помошникот Красимир Борисов, ќе настапат голем број играчи кои завршија како четврти на СП 1994 година во САД.
Борислав Михајлов, Емил Кременлиев, Златко Јанков, Емил Костадинов, Христо Стоичков, Јордан Лечков, Наско Сираков, Даниел Боримиров, Пламен Николов, Бончо Генчев, Ивајло Јорданов, Илијан Кирјаков, Петар Михтарски, Петар Александриков, Георги Георгиев, Красимир Балаков и Ивајло Андонов го потврдија своето учество.
На натпреварот за Бугарија ќе настапат и поранешните репрезентативци Радостин Станев, Елин Топузаков, Гошо Гинчев, Станислав Ангелов, Дончо Донев, Александар Александров-Кривија, Мартин Камбуров и Валери Божинов.
Македонската репрезентација ќе ја предводи нашиот најдобар фудбалер на сите времиња Горан Пандев. Тој е поранешен напаѓач на Наполи, Интер и Лацио со кои освои голем број трофеи, меѓу нив и Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија