За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од 3.000 евра.
- По обезбедување на виза за патување, двајцата заминале за Русија, каде на 23 септември 2024 потпишале договор со Министерството за внатрешни работи на Доњецка Народна Република за служење во нивните воени, паравоени и параполициски единици, а со тоа учествувале во воениот конфликт помеѓу Руската Федерација и Украина, се наведува во соопштението.
На 9 декември годинава бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени компјутер, мобилни телефони, тактичка облека, документи на руски јазик на негово име и други предмети.
Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување