Вулин: Србија нема да биде паркинг за мигранти
Во рамки на меѓународната акција „Хотспот”, припадниците на српската полиција спроведоа акција, која почна утрово во 6.00 часот, на териториите на осум полициски управи во Србија, во која беа извршени детални претреси на прифатни центри за мигранти, како и на просториите во кои престојуваат, со цел пронаоѓање на нерегуларни мигранти и членови на организирани криминални групи вклучени во нивниот шверц, јави дописникот на МИА од Белград.
-Србија нема да биде паркинг за мигранти, Србија ќе ги почитува своите закони и очекува сите, без разлика на нашата хуманост и организираност, да ги почитуваат нашите закони. Нашиот секојдневен живот нема и не може да биде загрозен и нашиот живот не може да стане жртва и предмет на работа на шверцерските банди, изјави Вулин.
Полициски службеници од полициските управи во Белград, Суботица, Сомбор, Кикинда, Шабац, Краљево, Врање и Нови Пазар уапсија седум лица под сомнение дека организирале трговија со луѓе и откриле 991 нерегуларен мигрант кои ќе бидат префрлени во прифатните центри.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето