Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
Со средба со македонските иселеници во Њу Џерси Премиерот Мицкоски ја продолжува посетата на САД. Според информациите кои ги објави на социјалните мрежи, тој утрово ја посетил црквата Св. Никола во Њу Џерси, по што имал средба со македонски иселеници.
-Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија, напиша Мицкоски на фејсбук
Премиерот вчера присуствуваше на дел од инаугурациските активности на новиот претседател на САД, Доналд Трамп во Вашингтон.
Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страната на Владата, Мицкоски оствари средба и со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли со кого го проследија поздравниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп.