Вуцис: Грчки македонски организации им се закануваат со смрт на пратениците доколку гласаат за сложено име
Смрт или доживотен затвор за оние пратеници кои ќе гласаат за сложено име, се заканите што доаѓаат од грчките македонски организации испратени преку текстови до членови на грчкиот Парламент, наведува спикерот на Парламентот Никос Вуцис.
Вуцис, од собраниската говорница, откри дека пратениците добиваат закани по живот, коментирајќи дека „некои тука забегаа“, пренесува дописникот на МИА од Атина,.
- На грчките пратеници им беа поделени текстови од претставници на грчките македонски организации од светот нешто што усно го имавме слушнато, но не дадовме големо значење. Сега поделија на секој пратеник, каде што ни помалку ни повеќе нѐ обвинуваат за предавство и велат дека казната е смрт или доживотен затвор ако некој се осмели да гласа за предлогот на Министерството за надворешни работи и на грчката Влада, доколку дојде и кога ќе дојде во грчкиот Парламент и доколку се созреани условите за сложено име, изјави претседателот на грчкиот Парламент.
Според грчките медиуми, текстот со закани од грчките организации од дијаспората до пратениците е изготвен на 25 страници, а во него тие говорат за „противуставно и недемократско отстапување на името Македонија“ и тврдат дека сите пратеници што ќе гласаат спротивно на нивните барања, ќе бидат виновни „за предавство и директно соучество во загрозување на територијалниот интегритет на земјата, нешто што е казниво со доживотен затвор и смрт“.
Ново на Сител
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали
-
57 вработени на Токсикологија бараат одговорност од организациската директорка Бесија Иљази
-
Импровизираниот луна парк се уште не се демонтира - На потег УЈП и ДПИ
-
Судот му го одзема пасошот на обвинителот Иџет Мемети, тој негира дека е вмешан во случајот со мито
-
ДКСК бара одговорност од Габер, директорката на АСЈО тврди по одлуката на судот запрен е процесот на тестирање