-->
-->
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата
-->
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека верува оти во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада, која во целост ќе биде фокусирана на економијата, напредокот на Србија, забрзаниот развој и зголемената стапка на раст.
„Верувам дека (идната влада) ќе биде составена од компетентни луѓе кои ќе можат да одговорат на предизвиците“, рече Вучиќ на средбата со бизнисмените во Стопанската комора на Србија.
Тој изјави дека проблемите на стопанствениците се пресликуваат во политички и економски проблеми на глобално ниво и дека никој не знае какви ќе бидат условите за бизнис утре, за еден месец или за два месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка