Loading Video...
Македонија
28. February 2025 - 16:37

Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво

Македонија и Турција формираат совет за соработка на највисоко ниво. Документот предвидува зајакнување на соработката во сите сектори, но посебен акцент се става на економската, инвестициската и трговската соработка.

Советите е предвидено да се состануваат еднаш во две години а со нив да претседаваат токму Мицкоски и Ердоган, првиот состанок ќе се одржи во Скопје. Двајцата лидери согласни, Советот ќе ги зајакне и унапреди и онака одличните односи помеѓу Македонија и Турција.

Турција досега вакви договори има потпишано со 30тина држави од целиот свет, држави кои ги смета за приајтели и партнери. Меѓу нив се и Србија, Албанија, Грција и Бугарија. Од денеска во оваа група влезе и Македонија.