Вучиќ: Сите се заинтересирани за кинеските вакцини, но Србија не може да ги извезува
Српскиот претседателот, Александар Вучиќ, денеска посочи дека сите се заинтересирани за кинеската вакцина, но дека Србија не може да ги извезува, јави допсиникот на МИА од Белград.
На прес конференцијата со кинескиот амбасадор Чен Бо, на прашањето до каде може да посредува или да им помага на земјите од регионот во набавка на вакцините, Вучиќ изјави дека Кинезите донесуваат одлука каде се извезуваат вакцините.
-Сите се заинтересирани, но ние не можеме да ги извезуваме. Ние можеме да ги користиме само кај нас – објасни тој, додавајќи дека колку што знае, постои договор за испораки и во други земји во регионот, како Црна Гора и Северна Македонија.
-Јас сум и бескрајно благодарен на Кина затоа што она што го видовме е дека станува збор за безбедна и многу сигурна вакцина, која нешто подоцна развива антитела, но без никакво загрозување за здравјето на луѓето. Направена е како вистинска вакцина чии антитела траат подолго. Со таа вакцина спасивме многу животи и ако не ја имавме, ќе имавме уште десетици илјади заболени – кажа Вучиќ.
Тој синоќа на белрадскиот аеродром дочека уште 500.000 дози вакцини на кинескиот Синофарм.
-Зад мене е нашиот најголем авион А-330, кој донесе 500.000 нови кинески вакцини Синофарм. Дојдов уште еднаш да ја покажам мојата благодарност и почит кон кинескиот претседател Си Џинпинг и кинескиот народ, но и да им кажам на граѓаните на Србија дека вечерва имаме вкупно 2.620.000 вакцини, дека договоривме вкупно 13.350.000 вакцини и да повикам луѓето да се вакцинираат, порача Вучиќ во видео пораката на Инстаграм.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението