-->
-->
Вучиќ распиша предвремени парламентарни избори за 3 април
-->
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги распиша вонредните парламентарни избори во Србија за 3 април и донесе указ за распуштање на Народното собрание. Уредбата влегува во сила со објавувањето во Службен весник, јави дописникот на МИА од Белград
-Роковите за изборни дејствија почнуваат со стапување во сила на оваа одлука, а во суштина сите изборни рокови почнуваат да течат истовремено, изјави Вучиќ.
Изборите за пратеници во собранието ги спроведуваат органите за спроведување на изборите и оваа одлука влегува во сила со објавувањето во Службен весник.
Како што изјави српксиот претседател, Народното собрание досега направило многу, особено за владеењето на правото.
-Истовремено ни претстојат избори за Народното Собрание и за неколку локални самоуправи. Ги повикувам граѓаните да учествуваат на овие избори, да како земја покажеме демократски капацитет и да покажеме колку е важно да ги прифатиме плановите и програмите за иднината и да без разлика на различните мислења и планови, истите да можеме да ги искажеме на цивилизиран начин, почитувајќи се меѓусебно и сигурен сум дека тоа ќе биде уште еден чекор во демократската и европската иднина на Србија, изјави Вучиќ, заблагодарувајќи се и на владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила