Балкан
3. October 2023 - 10:26

Вучиќ: Ќе ја бранам Србија, дури и да сум единствен

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил сподели важна порака до граѓаните на Србија.

„Ќе ја бранам нашата Србија, дури и да сум единствениот што го прави тоа. И знам дека не сум единствениот, Србија ќе живее!“, пишуваше на фотографијата објавена на Инстаграм профилот на „АВучиќ“.