Балкан
16. November 2017 - 13:05

Вучиќ: ЕУ нема да ни дозволи влез без документ со Приштина

ЕУ нема да и дозволи на Србија да стане полноправна членка без задолжителниот документ за нормализирање на односите со Приштина, на крајот од процесот.

- Мора да извршите нормализирање на состојбата, како што велат тие, рече Вучиќ и додаде дека тоа го очекува ЕУ, без разлика како се толкува.

Според него, тоа не е признание. - Никој не зборува на тој начин. Зборуваат меѓу редови, но не на тој начин, но ова е тоа што можам да ви го кажам, изјави Вучиќ пред новинарите во Аранѓеловац.

Тој додаде дека е задоволен од вчерашните состаноци во Брисел, каде денеска е и премиерката Ана Брнабиќ.

- Ваквите состаноци се важни бидејќи ни претстои голем проблем и нема да можеме да станеме членка на ЕУ без драстични промени во односот спрема Косово, истакна Вучиќ.