Loading Video...
Спорт плус
17. February 2023 - 19:28

Второ злато за Одермат на СП во Франција

Марко Одермат го освои вториот златен медал на Светското првенство Франција,

Швајцарецот кој беше најдобар во спустот, денеска беше најдобар и во велеслалом, со што  стана само петтиот скијач во историјата на Мундијалите кој освоил злато во на едно првенство во овие две дисциплини.

Зад Одермат завршија неговиот сонародник Лоик Меилар и Австриецот, Марко Шварц кои се закитија со среброто и бронзата.

На денешниот велеслалом единствениот македонски претставник Мирко Лазарески остана без пласман по првата трка.