Втор Летен саем на книгата во „Антолог“
Под мотото „Спакувај го твојот број и уживај во патувањето“ утре почнува вториот Летен саем на книгата во организација на Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.
Во рамки на Саемот, кој ќе трае цело лето, со попусти од 10 отсто до 70 отсто ќе бидат опфатени над 100 наслови од богатата книжевна продукција на таа издавачка куќа.
На летен попуст ќе биде и книгата на летото – „Трач“ од бестселер-авторката на „Њујорк тајмс“, Елин Хилдербранд, која ќе се продава по специјална намалена цена од 350 денари.
- Покрај големите попусти, оваа година подготвивме и неколку пакети книги за на плажа со различна „величина“ т.е. број на книги и различен стил за да овозможиме поголем избор за сите вкусови и можности. За секој летен пакет книги подаруваме и една убава торба за на плажа. Секако, и оваа година во рамки на Летниот саем ќе организираме гостувања на автори и многу други изненадувања за нашите драги читатели, истакнаа од „Антолог“.
Секој купувач на кој било од летните пакети ќе добие подарок – торба за на плажа.
Ново на Сител
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка