Македонија
8. September 2021 - 14:22

Втор ден без починати од Ковид-19, се намалува и бројот на хоспитализирани во тетовската болница

 Во последните 24 часа нема починати меѓу хоспитализираните пациенти со Ковид-19 во тетовската клиничка болница. Поминаа 48 часа или два дена без смртни случаи, а ги имаше секојдневно во болницата во изминатите речиси 30-тина денови.

-Вкупно нови приеми има шест, а исто толку луѓе се пуштени дома по болничко лекување. Сега вкупно има 82 лица кои се хоспитализирани поради компликации од Ковид-19. За прегледи се јавиле 142 лица во амбулантата на ковид – центарот, изјави д-р Гзим Нуредини.

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, во Тетово има 1437 активни случаи. За време на пандемијата над 450 лица во тетовскиот регион починаа од Ковид-19.