Времето утре ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 37 степени.
Во охридско-преспанскиот регион ќе биде сончево и топло со мала доумерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец.
Температурата ќе достигне до 33 степени.
Во дојранскиот регион ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност и со слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Температурата ќе достигне до 37 степени.
Ново на Сител
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството