Врачување на „Златниот венец“ на канадската поетеса Маргарет Атвуд на манифестацијата „Мостови“
На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата со врачување на „Златниот венец“ на годинашниот лауреат канадската поетеса, поетеса романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд и доделување на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва завршува 55. Јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата.
Атвуд е 51-ви добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лавров венец. За неа манифестацијата е одлична можност да се слушнат поети од целиот свет кои читаат поезија на своите јазици. Забележа дека е охрабрувачки што земјава и посветува многу време и внимание на поезијата.
Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшки вечери на поезијата ќе му биде врачена на Иван Џепароски за книгата „Светлината на Света Гора“. Паричниот дел од наградата тој најави дека ќе го донира за настраданите во поплавите во Скопско и во Фондот за обнова на конаците во Бигорскиот манастир.
Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе и биде врачено на поетесата Руна Светликова.
Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг ќе настапат и поети од разни страни на светот, а Струга деновиве по 55-ти пат е претстолнина на поезијата. Педесет и петиот поетски фестивал свечено беше отворен во средата со традиционално читање на Константиновата „Т`га за југ“ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата во Струга. Деновиве во поетска Струга гостуваат 32 поети од 30 земји од сите континенти и дваесетина македонски.
Ново на Сител
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер
-
Штети во Свети Николе и Неготино поради невреме, четири пожари на отворено, известува ЦУК
-
Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ
-
Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
-
ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок