-->
-->
Возило со српски таблички излетало од автопатот Градско-Неготино, има повредени лица
-->
Возило излетало од автопатот Градско-Неготино, има повредени лица, ова се првичните информации кои за МИА ги потврдија од МВР.
-Утрово околу 09.34 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот А1, Градско-Неготино, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило, со српски национални ознаки, излетало надвор од коловозот. Според првичната пријава, во несреќата има повредени лица кои се пренесени за укажување на лекарска помош. Полициски службеници се упатени на местото на несреќата, велат од МВР.
Посочија дека засега не можат да дадат повеќе детали за сообраќајката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија