-->
-->
Во ЗОО Скопје се родија три бели волчиња кои се загрозен вид
-->
Во Зоолошката градина Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а белата боја на крзното, како на нивните родители, ќе ја добијат со текот на времето.
-Волчињата се заедно своите родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште. Мајката ги роди во дувло коешто сама го направи и таму сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот. Во многу земји на Европската Унија овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција, соопшти ЗОО.
Белите волци во Зоолошка градина во Скопје пристигнаа од Чешка во 2020 година. Се работи за арктички волк (Canis lupus arctos), подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Познати се и како поларни волци или бели волци.
ЗОО информира дека овој вид волци се загрозен вид, но не поради ловење од човекот, туку од климатските промени на Арктикот. Нарушениот екосистем во овие делови значително го намалил бројот на овие животни во последните години.
-За потсетување, оваа пролет во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, односно се родија три лавчиња, белорак гибон, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца, камила и најновите бебиња бели волци, соопшти Зоолошката градина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија