Свет
31. August 2017 - 8:54

Во железничка несреќа во Полска повредени 21 лице

При судар на патнички и товарен воз во северна Полска повредени се 21 лице.

Националната противпожарна служба соопшти дека нема загинати, а меѓу повредените се и четири деца.

Истрагата за причините за железничката несреќа е во тек.