Во Виница отворен инфо центар на СВР Штип
Инфо Центарот на СВР Штип во Виница кој од денеска започна со работа, ќе биде место за средби на граѓаните со полицијата.
- Целта на овој проект е да ја подобриме безбедноста на ниво на СВР-Штип. Во наредниот период ќе заседава и советодавната група на граѓани која ќе одржи средба со претседателите на месните заедници, со цел овој проект да се доближи и до нив, изјави Ангелчо Стојановски, инспектор за превенција во СВР -Штип.
Градоначалникот Емил Дончев ја поддржа оваа иницијатива, нагласувајќи дека во Виница се реализираат повеќе проекти со помош на советодавната група и Одделот за превенција и Полициската станица Виница , а се во насока на превентивна реакција и заштита на граѓаните, пред се на младата популација.
Сите овие активности СВР Штип во соработка со Полициската станица во Виница ги реализира во рамки на кампањата „Полицијата поблиску до граѓаните“.
Ново на Сител
-
Невреме во кумановско
-
Протест па штрајк во Пошта
-
Преглед на вестите од светот
-
Прегласувањето во Охрид тече непречено
-
Мирна атмосфера на денешното прегласување во општините Долнени и Крушево
-
Вработените во Пошта во штрајк од јуни
-
Ацевски: Степенот на имплементација на целите за одржлив развој во националната рамка е задоволителен
-
Семејното насилство во галопирачки пораст