Македонија
22. May 2024 - 11:43

Избувнал пожар во женското одделение во затворот „Идризово“

Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите, соопшти МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.