Македонија
22. May 2024 - 12:28

Ацевски: Степенот на имплементација на целите за одржлив развој во националната рамка е задоволителен

Државниот завод за ревизија е домаќин на претставниците од Врховните ревизорски институции на Србија и Словачка, на настан поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации. На него беа презентирани националните Конечни ревизорски извештаи на тема „Подготвеност на земјите за имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година“, како и Заедничкиот ревизорски извештај за паралелната ревизија спроведена помеѓу Државниот завод за ревизија и Државната ревизорска институција на Република Србија.