Македонија
17. December 2015 - 8:27

Во велешкиот Народен театар премиера - претстава за деца „Волшебната шума“

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот“ во Велес денеска ќе биде изведена петтата годинашна премиера, овојпат новогодишна претстава за деца - „Волшебната шума“. Претставата која е обработка на популарната приказна на Браќата Грим „Јованче и Марика“ е во драматизација на Катерина  Момева, а  во режија на Деан Дамјановски.
 
- Како што појасни на денешната прес-конференција режисерот Деан Дамјановски, ова е класична претстава за доброто и злото, со низа сплетки и доживувања. И на крајот лошите деца стануваат добри. потенцира Дамјановски.
 
Вели дека ова му е шестта детска претстава и шеста во велешкиот Народен театар. Во претставата играат помладите актери на велешкиот Народен театар: Жарко Спасовски, Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Кети Борисовска, Марија Стефановска, Драгана Босниќ  и Александар Цветановски.  
 
Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а музиката на Димитар Андоновски.
 
Младата актерка Талија Настова вели дека оваа и е прва уога во детска претстава и дека на последните претстави ја почувствувала магијата на новогодишната ноќ и оти се присетила за своето детство и кога била во публика и возбудена и среќна го чекала доаѓањето на Дедо Мраз.
 
Актерот Жарко Спасовски појасни дека претставата има и голема порака  до децата, да не бидат лакоми.