Македонија
1. јуни 2021 - 14:13

Во велешката болница неколку дена не е примен ниту еден пациент со Ковид-19

Во велешката болница моментално се хоспитализирани девет пациенти, од кои тројца се позитивни на Ковид и шест пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.

-На кислородна поддршка се четворица пациенти. Испишани се тројца како оздравени со по еден негативен тест, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

На Инфективно одделение се сместени тројцата пациенти со Ковид, а на Интерно пациентите со негативен тест кои се лекуваат од последиците од вирусот.

Јованова воедно информира дека веќе неколку дена не е примен ниту еден пациент, на 28 мај биле 14 вупно, а шест потврдени, и на 29 мај биле 15 пациенти, од нив шест потврдени. Во текот на вчерашниот ден биле вкупно 11 пациенти, шест од нив биле позитивни на Ковид-19.