-->
-->
Во Велес отворена самостојна изложба на Љубинка Манчевска Буба
-->
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена седмата самостојна ликовна изложба на академскиот уметник од Велес, Љубинка Манчевска-Буба.
На изложбата насловена „Пејсажни варијации“ со која авторката го заокружува својот 30-годишен творечки јубилеј се претставени 39 слики, масло на платно и акрил на платно.
Ликовниот критичар Конча Пиркоска за творештвот на Манчевска ќе појасни дека сликарката која во нејзиното творештво минала низ различни стилски фази, тргнувајќи од реалистичката, преку асоцијативно-експресионистичката, апстрактната. Овие нејзини најнови дела од овој цисклус се дела со асоцијативен апстрактен пејсаж на земјата и небото, со доминантен машко-женски принцип, односно принципот на јинг и јанг.
- Манчевска со своите пејсажи ја постигнува својата цел, има огромен скок од она што претходно го работела и сега, потенцира Пиркоска.
Новинарката Сутка Оцедова за творештвото на Манчевска вели дека сликарката во опусот на новите апстрахирани пејсажи стигнува до широки платформи, не преземајќи го ризикот на минуциозноста, одново гори.
-Тоа се црвените платформи произведени со најголеми четки, тоа се одново небесните сини стојалишта и можното нивно помирување. Сликарката го објави новиот поход кон досегашните ликовно-естетски креации кои не ја заситија гладта за одговори, потенцира Оцедова.
Уметницата Манчевска за своите најнови дела вели го насликала целиот свет.
- Тука се сите континенти, тука е небото и земјата со Сонцето и ѕвездите кој може да ги види. Јс сум пресреќна што ги чувствувам, се надевам дека и другите го гладаат тоа на моите слики и преку нив ќе го почувствуваат тоа што го чувствувам јас, вели Манчевска.
Инаку, изложбата е дел од културната манифестација „Велес-Град на културата 2015“ на Министерството за култура и Општина Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на Кулакови против пресудата на Обвинителството
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?