-->
-->
Во Турција издадени налози за апсење за 70 воени офицери
-->
Турски обвинители издадоа налози за апсење на 70 активни воени офицери, осомничени дека се поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и Анакара го обвинува за организирање на обидот за преврат во јули 2016 година.
Турската полиција во исто време спровела операции во 38 области во рамките на истрагата со која раководат обвинители во турскиот округ Конија.
Операцијата против осомничените е преземена врз основа на искази на војници, кои претходно се уапсени за поврзаност со движењето на Ѓулен.
По обидот за преврат, 50 илјади лица меѓу кои и државни службеници вработени во безбедноста се затворени и чекаат судски процеси, а повеќе од 150 илјади лица беа отпуштени или привремено остранети од работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила