Во сообраќајка во Велес повредена 78 годишна жена, задржана е во велешката болница
Сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 22 часот на улицата „Пенчо Давчев“ во велешката населба Речани пред Управна зграда на ЈП „Македонија пат“. Во директен судир на автомобил и камион, повредена е 78 годишната С.Ш., која од возилото ја извадиле велешките пожарникари,информира за МИА, од СВР Велес,портпаролот Билјана Ѓаковска.
На повредената и била укажана прва помош од екипата на Итна помош и била однесена во Ургентниот центар во Општа болница во Велес. Лекарите по извршените прегледи констатурале фрактура на пршленско тело. Повредењната е надвор од животна опасност, но е задржана во Одделението за ортопедија и трауматологија во болницата на понатамошно лекување.
Во 22:10 часот повик за несреќата примила Службата за Итна помош на Здравствен дом Велес. Екипа составена од лекар и медицинска сестра излегле на терен, информираа од Итната медицинска помош Велес. Појаснуваат дека повредената 78 годишна жена С.Ш. од возилото ја извадиле велешките пожарникари.
Како што информира началник д-р Василка Поп Стефанова Панова, во судар на автомобил со камион повредена е жена родена 1946 година. Пациентката била затекната во автомобилот со болки во слабинскиот дел на кичмата и затворена повреда на главата.
-Беше побарана асистенција од Територијалната противпожарна единица Велес. По пристигнувањето на пожарникарите повредената пациентка беше извлечена од автомобилот. На лице место и беше укажана лекарска помош и по направена мобилизација со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општа болница Велес за понатамошно иследување, појасни д-р Поп Стефанова Панова.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори