Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
- На 11.04.2025 година, околу 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Христо Татарчев“ и „Франк Харкорт Манинг“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.А. од село Ракотинци, скопско и мотоцикл „Пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје.
Во несреќата малолетникот што го управувал мотоциклот се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, додека пак со телесни повреди се здобило уште едно малолетно лице кое што било сопатник на мотоциклот, соопштија од полицијата.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани