-->
-->
Во Скопје 513 нови случаи со Ковид-19, најмногу активни случаи во Аеродром
-->
Во изминатото деноноќие од 1168 новодијагостицирани со Ковид-19, 513 се во главниот град. Од починатите 18 лица, петмина биле од Скопје. Институтот за јавно здравје во гавниот град регистрира 394 оздравени лица, од вкупно 692 во земјата.
Најмногу активни случаи со Ковид-19 има во скопската општина Аеродром 1256, потоа во Гази Баба 1151, во Карпош 1070, а следуваат Центар со 1028 и Кисела Вода со 1021, Ѓорче Петров 680, Чаир 500, Бутел 430, Илинден 199, Шуто Оризари 144, Сарај 108, Чучер Сандево 83, Петровец 82, Сопиште 59, Зелениково 54, Студеничани 41 и Арачиново -26. Активни се и 149 случаи на странци со Ковид-19, а 173 се нераспределени.
По завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта