Македонија
1. September 2018 - 13:52

Во прекин сообраќајот на патот Виница - село Бигла

Од 10 часот претпладнево поради изведување градежни работи, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Виница - село Бигла, Делчево, меѓу селата Драгобраште и Трестија.

Како што информираат од Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот ќе се одвива по алтернативни улици.