Македонија
3. November 2015 - 11:59

Во овој мотел во Битола беа пронајдени мртвите момче и девојка

Во мотелот „Пржо“ во Битола вчеравечер вработените пронашле две мртви тела во една од собите. Како починале 33 годишниот маж и 27 годишната девојка во хотелот во Битола? 

Ова е прашањето на кое утрово, битолската полиција не сакаше да даде никаков одговор, пишува Пресс 24.
 
Од таму само потврдуват дека вработени во хотелот пријавиле дека во една од собите има 2 мртви лица.  Станува збор за Ѓ.И. (27) од Битола и 33-годишниот К.И., исто така, од Битола. Mажот и девојката изнајмиле соба во хотелот на 24 октомври.
 
На местото на настанот е извршен увид, а телата се предадени на обдукција.

Ново на Сител