Во неколку училишта во Белград дојави за поставени бомби
По бројните дојави за бомби низ трговските центри, училиштата во Белград сега се на мета. Неколку училишта досега добиле вакви дојави, а нивниот број се зголемува од минута во минута, јавуваат српските медиуми.
Во пораките кои ги добиле училиштата било напишано:
Чудно чувство на смиреност како да чекаме нормален ден, иста рутина како и секогаш.Се мразиме, но сакаме да ги повредиме сите што ќе ни се најдат на патот. Чувството дека се околу нас е само сон, не не напушта. Не гледаме причина да пишуваме нешто друго. На крајот, можеме да кажеме дека не сме први и далеку од последните.
Од српското МВР велат дека работат на случајот. Од училиштата ги советуваат децата и родителите да не одат на часови додека не утврдат дали навистина се работи за поставени бомби низ училиштата во Белград.
„Поради дојавата за поставена бомба во училиштето, ве молиме да ги информирате децата и родителите дека првата смена не може да има часови додека не се провери вистинитоста на ова од МВР. Ве молиме сите да ги следите известувањата и мејловите за да бидете во тек – стои во известувањето на ОУ „Владимир Роловиќ“.
Според српските медиуми, дојавите за бомбите стигнале до сите основни училишта во Белград.
Ново на Сител
-
Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет