Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
Природните катастрофи оставаат голем печат за 2024 година. Тропските бури, шумските пожари, поплавите, земјотресите и ураганите ги полнеа насловните страни на весниците, а информативните блокови на медиумите почнуваа со вести за згаснати животи и значајни материјални штети.
Новогодишниот земјотрес кој ја стресе Јапонија однесе најмалку 213 животи. Земјотресот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. Скоро 2.000 домови беа уништени.
Тропската бура Трами на Филипините однесе повеќе од 140 животи за помалку од 24 часа. Бурата предизвика големи поплави и лизгање на земјиштето во северозападниотдел на Филипините, кон крајот на октомври.
Хелен остави црн печат кај Американците. Најсмртоносната бура што ги погоди континенталните Соединети Американски Држави за време на сезоната на урагани во 2024 година, зад себе остави 225 мртви лица.
Поплавите не го поштедија и Непал. Дводневните обилни врнежи од крајот на септември во Непал се покажаа како смртоносни, при што истите, со лизгањето на земјиштето оставија најмалку 192 потврдени мртви и повеќе пријавени за исчезнати.
Катастрофалните поплави што ја погодија источна Шпанија на крајот на октомври однесоа најмалку 224 животи. Жителите на Валенсија силно ги критикуваа локалните власти и националната влада поради нивното справување со катастрофата.
Свлечиштата донесоа најмалку 250 животи во Етиопија, а тајфунот Јаги уби повеќе од 500 лица низ неколку земји од Југоисточна Азија.
Официјални лица на конференцијата во Дубаи се согласија да потпомогнат со финансирање за помош на земјите во развој за да ги заштитат нивните економии од климатските катастрофи.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар