Во напад на коалицијата на САД врз сирискиот град Абу Камал убиени 23 цивили
Во денешниот напад на коалицијата предводена од САД врз сирискиот град Абу Камал, недалеку од ирачката граница, што бил под контрола на Исламската држава, загинаа 23 цивили.
- Утринава во 3 часот погодија населено подрачје, додека луѓето се уште спиеја, поради што има многу загинати лица, соопшти директорот на сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, Рами Абдел Раман.
Тој додава дека припадниците на Исламската држава користеле некои од становите на подрачјето што е погодено како локален генералштаб.
Од Центарот соопштуваат дека во нападот е погодено и возило што превезувало работници од работа.
Американсклата војската овој месец соопшти дека во нападите на коалцијата во Сирија и Ирак од почетокот на операциите во 2014 година „случајно“ се убиени 352 цивили.
Групата за човекови права, сепак, вели дека вистинските бројки се многу поголеми.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување