Во монсунските дождови во Индија загинаа над 1.600 луѓе
Како последица на монсунските дождови во Индија, од јуни досега животот го загубија повеќе од 1.600 луѓе.
Податоците од државните институции покажуваат дека оваа година се забележани најобилни монсунски дождови во последните 25 години.
Исто така, во монсунските дождови и другите несреќи поврзани со нив, од јуни до 29 септември загинаа 1.673 лица, објави „Хиндистан тајмс“.
Податоците покажуваат дека за време на сезоната на монсуните, која трае од јуни до септември, евидентирани се 10 проценти повеќе врнежи од дожд во однос на просекот во последните 50 години.
Најголем број смртни случаи поврзани со последиците од монсунските дождови се забележани во Махараштра, каде загинаа 371 лице.
Најчеста причина за смртните случаи поврзани со монсунски дождови е уривање на sидови и објекти.
Ново на Сител
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија