Македонија
21. December 2019 - 14:11

Во Малешевијата прв пат се организира Сточарска вечер

Во организација на група сточари од Малешевијата во Берово се одржа Сточарска вечер. Сточарот Вангелија Пармачка од село Будинарци во улога на организатор истакна дека целта на настанот е за прв пат сточарите од Малепевијата, Пијанец и околните места да разменат искуства за состојбата во сточарството, но и заеднички да се провеселат пред крај на календарската 2019 година.

-За прв пат решивме Сточарска вечер на меѓуопштинско ниво. Имаме сточари од Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Македонска Каменица. Задоволни сме како за почеток со тоа се надеваме така разочарани мислејки дека сточарството замира, ова нека биде почеток да бидеме стабилни да се оргзнизираме, тоа е нашата идеја за оваа вечер да си размениме мислења и идеи, истакна Пармачка.
 
Пармачка додава дека сите бегаат од сточарството, но препорачува сточарите да бидат цврсти и да издржат. Ова особено им го прача на жените кои се занимаваат со сточарство, бидејки поволностите како што вели што се нудат за жените кои имаат регистрирано земјоделско стопанство се огромни.
 
-Мерката 115 после толку години излезе и нуди поволности за жени кои имаат регистрирано земјоделско стопанство. Како жена земјоделец е тешко да бидеш мајка домаќинка и да одиш со тракторот на нива или да одиш во шталата со овците или другите животни. Но, на жените може да им кажеме само смело, гордо напред со нашата пот, бидејки иако е тешко да да се биде жена сточар не е страшно, додаде Пармачка.
 
Со цел гласот на земјоделците да биде слушнат тие планираат здружување и реализирање на нивните идеи за подобро земјоделство и сточарство. Во рамки на Сточарската вечер беа доделени голем број на награди а свое присуство имаше и еден од најголемите производители на концентрат од Србија кои се рапсространети на територијата на цела Европа.