Во Македонска Каменица одржана јавна расправа за буџетот за 2019
Со цел утврдување на приоритетните барања на граѓаните, а во насока на креирање на реален буџет во општина Македонска Каменица, се оддржа јавна дебата за утврдување на приоритетите на граѓаните и креирање на Буџетот на општината за 2019 година.
Презентирајки ја предвидената развојна програма на општината за 2019 година, градоначалничката Соња Стаменкова пред присутните истакна дека целта на дебатата е да се слушне мислењето на секој граѓанин.
- Со цел подобрување на квалитетот на живот во општина Македонска Каменица на јавната дебата ги презентиравме прироритетните проекти кои се предвидени за реализација во 2019 година. На средбата, договоривме и разгледавме редица на други приоритетни проекти и барања на граѓаните од повеќето месни заедници, кои во рамки на програмските определби, развојните програми и Буџет на општина Македонска Каменица за 2019 година, ќе бидат предивидени и етапно реализиран, истакна градоначалничката Стаменкова.
Стаменкова додаде дека во наредните денови овие јавни расправи ќе продолжат.
Покрај градоначалничката на општина Македонска Каменица, на средбата присуствуваа и претседателот на Советот на општина Македонска Каменица, Иван Кузмановски, директорот и претставници на Јавното претпријатие „Камена Река“, како и претставници на месните заедници.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра