Во Кривичен испитан вештак за Ласкарци, судењето продолжува на 19 септември
Во Основен Кривичен суд Скопје денеска беше испитуван вештакот Љупчо Постолов дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.
Постолов беше испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот, во однос на исправноста на автобусот и наводите од техничките прегледи како и списите и доказите од предметот. Прашан кога последен пат му биле поправани кочниците на автобусот, вештакот одговори дека нема законска основа да се води евиденција за она што е поправено.
Прашан дали во списите од овој предмет сретнал каков било доказ дека во критичниот момент се вклучил некаков звучен сигнал во автобусот за да сигнализира на возачот дека имало дефект, тој одговори не. Прашан дали може кај овој автобус при исправен систем за управување, да се случи воланот да биде во позиција за движење право, предните тркала да бидат во позиција за свртување на десно а тркалата на пратечката оска да бидат свртени во десно, што кај овој автобус значи дека тие се во позиција за свртување кон лево, вештакот одговори дека при исправен систем нема потреба такво нешто да се случи.
Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири.
Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење.
Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица