Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица
Маж (62) намерно го насочи својот автомобил кон толпа луѓе, усмртувајќи 35 и повредувајќи дополнителни 43 лица, соопштија денеска безбедносните служби во јужниот кинески град Џухаи.
Во нападот, кој се случил синоќа, мажот користел мал теренски автомобил за да пробие низ вратите на спортскиот центар и да влета меѓу луѓето кои вежбале таму.
Возачот бил приведен од полицијата додека се обидувал да побегне, се наведува во извештаите. Тој себеси се повредил сериозно со нож и паднал во кома, соопштија безбедносните власти.
Прелиминарните истраги покажале дека возачот бил незадоволен од поделбата на имотот по разводот, што го натерало на нападот. Претседателот Си Џинпинг изрази шок.
– Мораме строго да го казниме убиецот во согласност со законот, изјави тој, пренесува државната новинска агенција Синхуа. Веднаш по инцидентот, државните медиуми известија дека има повеќе повредени.
Првично немаше понатамошни извештаи. Медиумските написи и објавите на социјалните мрежи подоцна беа избришани од државните цензори.
Смртните случаи и повредите се потврдени повеќе од еден ден подоцна. Во Џухаи моментално се одржува меѓународен саем за авијација и аеронаутика.
Кинеските цензори често се на повисоко ниво на внимателност за време на вакви големи настани.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен