Во Крива Паланка младински летен камп на Црвен крст
Со цел јакнење на капацитетите на младите волонтери и нивно едуцирање од разни области, првенствено од здравствено-превентивен аспект, петта година по ред општинската организација на Црвен Крст, Крива Паланка организираше младински летен камп.
- Младите се дружеа изминатите четири дена, организираа работилници и посетуваа предавања согласно програмата на кампот. Предавањата ги одржаа стручни лица од здравствената дејност, лекари специјалисти, но и врснички пиeр-едукатори што ќе придонесе знаењата усвоени на ваквите кампови младите да ги пренесат и на своите врсници, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен Крст, Крива Паланка.
Кампот се одржа во дворот на подрачното основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ во село Трново.
- Оваа година нашиот камп се заснова на здравствено-превентивната дејност што ја опфаќа Црвениот крст, со акцент на болестите на зависности и сексуално-преносливи болести. Кампот е тука за да ги едуцираме нашите волонтери и да го зголемиме бројот на членови на Клубот на млади, изјави Ина Поцевска, пиeр-едукатор во Црвен Крст, Крива Паланка.
Знаењата усвоени на ваквите кампови се основа за подигнување на свеста на младите од превенција од болестите на зависности, како и сексуално преносливи болести.
- Клубот на млади во претстојниот период ќе се подготвува за Меѓународниот младински камп, а бројните активности на волонтерите во текот на целата допринесуваат за зголемување на хуманото семејство на Црвен крст, давајќи ја неопходната младинска полетна енергија за оствaрување на целите и задачите на кои се заснова оваа најголема филантропска организација во светот, додаде Пешовски.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино