Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
Папата Франциск, кој закрепнува од тешко воспаление на белите дробови, денеска неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар на десетеина минути, поздравувајќи ги верниците кои дојдоа на празникот Цветници.
Папата (88) седеше во својата инвалидска количка и изгледаше дека е во релативно добра форма. Немаше назална канила за кислород, се движеше низ плоштадот со количка, се ракуваше со толпата и им нудеше слатки на децата пред да каже од олтарот пред базиликата Свети Петар дека на сите им посакува „среќна Цветници и среќна Голема недела“.
Минатата недела Светиот Отец имаше неколку неочекувани појави на некои настани, иако ниту еден од нив не беше најавен или дел од официјалната програма на Ватикан.
Папата Франциск пред една недела неочекувано се појави пред базиликата Свети Петар и ги поздрави верниците, а во средата на приватна аудиенција ги прими англискиот крал Чарлс и кралицата Камила, иако нивната средба првично беше откажана.
Тој во четвртокот ја посети и базиликата Свети Петар за да се увери дека работите на нејзината реставрација се одвиваат без проблеми и му оддаде почит на Пие X пред неговиот гроб, истовремено поздравувајќи ги верниците и реставраторите кои случајно се најдоа таму. Во саботата се молеше во својата омилена базилика – Света Марија Велика.
Во денешната неделна молитва папата им се заблагодари на верниците за нивните молитви и повика на мир во светот, особено мислејќи на жртвите од уривањето на ноќниот клуб во Санто Доминго.
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред