Во Крива Паланка бесплатно предавање за закројување дрвца
Овоштарите и сите граѓани на Крива Паланка и околината кои одгледуваат родни дрвца утре ќе можат да проследат едукативно предавање, кое се организира во соработка со Институтот за овоштарство од Ќустендил, соседна Република Бугарија.
Како што информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски општината по повод празникот свети Трифун, кој се смета за празник на лозарите, организира бесплатно предавање за обука на овоштарите во пресрет на пролетното закројување на родните дрвца.
- Предавање ќе одржи реномираниот професор, раководител на Институтот за овоштарство од Ќустендил, Димитар Домазетов. Ја возобновуваме соработката со Институтот, во чии рамки ова е второ предавање кое го организираме. Институтот постои 85 години и е етаблиран во оваа област, а привилегија е да се слуша предавање од професорот Домазетов, рече Алексовски.
Сесијата ќе содржи теортски дел за унапредување на овоштарството и практичен дел, во кој пред заинтересираните граѓани ќе биде презентиран начинот на кроење на овошките и нивно понатамошно третирање, по што ќе следи показно закројување на овошките во дворот на црквата „Свети Димитриј“.
Сите заинтересирани граѓани можат да го проследат предавањето, кое ќе се одржи утре, со почеток во 10 часот, во големата сала на Советот на општина Крива Паланка.
Алексовски апелира граѓаните да го проследат предавањето, кое ќе биде полезно за примена и збогатување на родот.
Ново на Сител
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер