Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер
По неколку пропаднати изборни циклуси и обиди за колалицирање, Бугарија доби нова влада. Со 125 гласа ЗА и 114 Против, пратениците во народното собрание го избраа Росен Жељазков за нов бугарски премиер. Во владиниот кабинет влегуваат три коалициони партнери - ГЕРБ-СДС, ИТН И БСП – Обединета левица, а парламентарна поддршка доби и од блокот на Ахмед Доган. Премиерот и новите министри положија заклетва. Во експозето во парламентот Жељзков им се заблагодари на коалиционите партнери и најави дека ќе работи Бугарија да стане модерна држава, а како еден од приоритетите е станување дел од еврозоната.
- „На Бугарија и треба редовна влада за спроведување на политики кои гарантираат владеење на правото, социјална заштита. Затоа што земјата е во криза на доверба. На граѓаните и на бизнисите им е потребна поддршка. Поради комплицираното опкружување на војни и кризи. Кои се главните принципи кои не обединија во коалицијата? Владеење на правото, ефикасност во јавните услуги, зајакнување на директното учество на граѓаните во државната власт“, истакна новиот бугарски премиер.
Претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов кој се откажа од премиерската позиција по цена да биде обезбедено мнозинство, вели дека верува во луѓето кои застанаа на чело на владата.
- Во владата со премиерот Росен Желјазков е првиот ешалон на партијата. Не можам да го изневерам ниту Жељазков, ниту Томислав Дончев, ниту Петкова, со други зборови, ги дадов моите најсилни луѓе за да биде силна власта, изјави Борисов.
Бугарскиот претседател Радев по гласањето на новата влада прача дека на Бугарија и треба стабилно мнозинство за да има стабилна влада која ќе ги брани националните интереси.
- „Оваа влада се роди пред се од потребата да се стави крај на политичката криза и на овој бесконечен циклус на избори, нејзиниот хоризонт зависи од тоа какви цели ќе ги постави и со какви средства и методи ќе ги постигне. Важно е да се работи во интерес на бугарскиот народ, да се брани неговата независност од политичките и олигархиските кругови со интерес за судството и јавните набавки. Ова е премногу разновидно и комплицирано управување со државата“, рече Радев.
Владиниот кабинет ќе го сочинуваат тројца вицепремиери и 19 министри. Со еден од клучните ресори – надворешната политика ќе раководи кумашинот на Бојко Борисов и заменикот на Екатерина Захариева - 33-годишниот Георг Георгиев.
Во изминатиов период Георгиев не штедел на критики за македонските политичари и за интеграциите. Како десна рака на министерката Захариева, изјавуваше дека Бугарија нема никогаш да отстапи пред Македонија и нема да прифати компромиси, јавно порачуваше дека имаме заедничка историја и дека Гоце Делчев бил колективна слика на бугарското херојство.
Георгиев ќе биде првиот канал за комуникација со македонските функционери, доколку повторно дојде до разговори помеѓу двете страни како што бара македонската влада.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар