Во Косово спречен шверц на стока од Северна Македонија вредна 30 илјади еврa
Царината на Косово соопшти денеска дека спречила случај на шверц од Северна Македонија во Косово, при што запленила стока вредна 30 илјади евра, без никаков документ за потеклото на истата.
Во соопштението на косовската Царина се наведува дека, „при тактички проверки и операции на терен во граничниот појас меѓу РК и РСМ (Република Косово и Република Северна Македонија), на подрачјето на општина Витина“, царинските единици запреле две транспортни возила со локални регистарски таблички со возачи државјани на Косово.
- При контролата откриена е комерцијална стока шверцувана од РСМ за која не поседувале никаков документ за потеклото, се вели во соопштението.
Се наведува и дека царинските единици извршиле проверки во магацин во Приштина, сопственост на осомничените.
- Од наведените единици е извршена проверка и во Приштина во магацинот на осомничените, при што наишле на разна комерцијална стока без потекло и без соодветна документација. Стоката е одземена и испратена на царински терминал за понатамошно постапување. Вредноста на стоката на пазарот е над 30.000 евра без да се пресметаат царинските затајувања, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит
-
Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски
-
Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
-
Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
-
Дожд и повремен снег во наредните денови
-
Планетарна линија на небото деновиве