Македонија
26. February 2025 - 13:12

Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски

Делегација од Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на трагично загинатиот поранешен претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Денес се одележуваат 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија тој, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

-Вечна слава, претседателе!

Борис Трајковски беше татко на нацијата кој силно веруваше во Македонија. На денешен ден пред 21 година, македонскиот народ го разбуди страшната вест дека ,,кингерот" со кој патувал претседателот Борис Трајковски, исчезнал.

Во тоа патување кон Мостар, претседателот го загуби животот заедно со осумчлена делегација.

Трајковски беше исклучителен човек, од народот.

Човек без предрасуди и вистински чувар на државните интереси.

Денес, оддаваме почит кон неговото дело и неговата личност. Слава му!-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.