Во Кочани одбележана 116-годишнината од загинувањето на Никола Карев
Симболично, со полагање свежо цвеќе на спомениците и спомен-обележјата посветени на македонскиот социјалист, големиот револуционер Никола Карев, денеска во Кочани беше одбележана 116-годишнината од неговата смрт.
Делегации од Општината и Советот на Општина Кочани положија свежо цвеќе на споменикот на влезот во селото Тркање, како и во спомен-паркот во месноста Свиланово, во близината на селото Рајчани, каде Карев загинал во борба со турскиот аскер.
– И годинава одбележувањето на овој датум од македонската историја го одбележуваме во согласност со актуелната состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Скормно, но достоинствено ја изразуваме почитта кон револуционерот, кој со своето дејствување остави неизбришливи траги во нашата историја и ги освежуваме сеќавањата на неговото дело, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Почит кон претседателот на Крушевската Република беше оддадена и пред неговиот споменик во Паркот на Револуцијата во Кочани, каде ученици и наставници од ОУ „Никола Карев“ положија свежо цвеќе.
Ново на Сител
-
Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година
-
Ждрепка за плејофот од Лигата на шампионите
-
Граѓански протест денес на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина
-
Од 1 до 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-
Најмногу снег на Попова Шапка
-
Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен
-
Поддршката за Брегзит на најниско ниво досега, мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ
-
Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини