Во Кичево граѓански протест на здружението “За заедничка Македонија”
Вечерва на платото пред домот на културата во Кичево продолжи грѓанскиот протест на здружението “За заедничка Македонија”.
На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој истакна дека протестот има за цел зачувување на унитарноста на македонија.
- Секој ден сме се побројни и по сплотени. Уште еднаш порачуваме дека овој народ нема да дозволи редефинирање на Македонија и прифаќање на платформи созададени во туѓи држави кои се штетни за Македонија и нејзините граѓани. Затоа да продолжиме заеднички во одбрана на нашата земја, ние немаме резервна татковина мора да ја сочуваме нашата едниствена и заедничка татковина Македонија. Нема да дозволиме ниеден политички притисок да влиае на одлуката на народот, ние сме тие кои овој пат ќе одлучи во кој правец ќе се движи Македонија, рече Силјаноски.
Потоа тој ги повика присутните на мирен и достоинствен марш низ улиците на градот.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради