Во Каиро почнаа нови преговори за прекин на огнот во Газа
Во главниот град на Египет денеска почнаа новите преговори што имаат за цел постигнување примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа за време на светиот месец Рамазан.
Според египетските провладини медиуми, во Каиро се пристигнати претставници на Катар, на САД и Хамас.
На средбата претставниците на Хамас треба да им „дадат одговор на предлогот од Париз“ на крајот на јануари, изјави извор близок до исламистичкото движење.
Предлогот на земјите посредници – Катар, САД и Египет се однесува на шестнеделна пауза во борбите и ослободување на 42 заложници држени во Газа во замена за Палестинците кои се во израелските затвори. Целта е да се постигне примирје пред почетокот на Рамазан, што почнува на 10 или 11 март.
Американски официјален претставник вчера кажа дека Израел „повеќе или помалку“ го прифатил договорот за прекин на огнот во Газа, префрлајќи ја топката на „теренот на Хамас“.
-Договорот е на маса. Израелците повеќе или помалку прифатија. Шестнеделен прекин на огнот во Газа би можел да започне денеска доколку Хамас се согласи да ослободи прецизно дефинирана категорија ранливи заложници, изјави американски официјален претставник пред продолжувањето. на преговорите.
Примирјето би можело да биде потпишано во рок од 24 до 48 часа доколку Израел ги прифати барањата на Хамас, изјави за француските медиуми висок функционер на Хамас кој сакаше да остане анонимен. Тие вклучуваат „враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа и зголемување на хуманитарната помош“ на „400 до 500 камиони дневно“ во споредба со околу 80 што моментално пристигнуваат.
Во замена за ослободување на заложниците, палестинското движење бара и конечен прекин на огнот и повлекување на израелската армија од Газа.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари