Во јули издадени 205 одобренија за градење
Во јули годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за 19,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.554.923.000 денари, што е за 55.1% помалку во однос на јули лани.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 124 (60.5%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11.7%) за објекти од нискоградба и 57 (27.8%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 205 објекти, на 134 (65.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 71 (34.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 210 станови, со вкупна корисна површина од 19.748 метри квадратни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест